Рахим Стерлинг има нова тетоважа која предизвика бура од реакции во англиската јавност.
Англискиот таблоид „The Sun“ го осудува потегот на фудбалерот, Англија е поделена. Изгледа навистина чудно, но за фудбалерот има големо значење.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„The Sun“ излезе со наслов: „Стерлинг самиот себе си пукаше во ногата“.
Набрзо фудбалерот го објасни својот потег.
„Мојот татко е изрешетан со ова оружје кога јас имав само две години, самиот себе си ветив дека никогаш нема да земам пиштол во своите раце. Оваа тетоважа за мене има длабоко значење“, изјави Стерлинг.
Некои зборуваат дека испраќа погрешна порака, други дека тоа е негова работа, со што се сложува и неизбежниот Прис Морган.
Познатиот водител изјави дека како што Стерлинг има право да истетовира што сака, така и тој има право да го критикува.
„Тој е одличен фудбалер, но навистина право глупости, како што е оваа тетоважа. Со тоа беспотребно си го одвлекува вниманието од теренот“, изјави Морган.
Tomorrow's front page: Raheem Sterling has triggered the fury of anti-gun campaginers by unveiling his new tattoo of an M16 assault rifle. pic.twitter.com/LdHfi6j3em
— The Sun (@TheSun) May 28, 2018