Навивачите на Арсенал се среќни откако една од нивните мети се „означи“ во Лондон.
Станува збор за дефанзивецот на Реал Ваљадолид, Фернандо Калеро кого Емери сака да го види во своите редови и наводно во јануари би требало да потпише договор со „топџиите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Токму овој играч објави фотографија на социјалните мрежи како престојува во хотелот „H10 Waterloo“.
Калеро против Атлетик Билбао во саботата изгледа го одигра последниот натпревар за Ваљадолид и веднаш се упати на авион за Англија и се очекува да ја засили последната линија на Арсенал.
Сепак, не е исклучена можноста Калеро во Лондон да е на одмор со оглед на тоа што нема натпревари до 5-ти јануари наредната година.