Една генерација на Јувентус изобилува со имиња кои по завршувањето на кариерата станаа фудбалски тренери.
Дури 14 играчи на Јувентус од генерацијата на Зидан, Конте, Дел Пиеро, Монтеро, Ван Дер Сар, Замброта, Едгар Давидс, Чиро Ферара…Денес се фудбалски стратези.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Секако најпознати од тренерски аспект се Антонио Конте и Зинедин Зидан и за нив не треба да се трошат премногу зборови.
Игор Тудор, човекот кој поради тешки повреди прерарно ја заврши играчката кариера, изгради сосема солидна тренерска. Започна во Хајдук каде што го освои Купот на Хрватска. Потоа замина во Паок, каде што не се снајде најдобро. После авантурата во Грција, Тудор имаше ангажмани вo Карабукспор, Галатасарај и Удинезе.
Чиро Ферара во својата кариера ги водеше Италија У-21, Сампдорија, Јувентус и кинескиот Вухан Зала каде што го имаше последниот ангажман.
Алесио Такихарди тренерската кариера ја градеше во италијанските нисколигаш, а последен клуб кој го водеше беше Лече.
Едгар Давидс го водеше англискиот нисколигаш Барнет, а работеше и во улога на асистент во младинската селекција на Холандија.
Филипо Инзаги немаше премногу добри тренерски резултати. Редеше откази во Милано, Венеција и Болоња, сега е во потрага по нов ангажман.
Марко Занчи ги водеше јуниорите на Аталанта и се уште бара квалитетен тренерски ангажман. Аргентинецот Хуан Еснаидер во Јапонија го води тимот на ЈЕФ Јунајтед.
Мичелагело Рампула на 56 години има улога на играч-тренер во германскиот нисколигаш МТВ Лецко.
Џанлука Замброта самостојната тренерска кариера ја започна во швајцарски Чиас. Се проба во индинскиот Делхи Дајмонс. Потоа веројатно сфати дека се уште треба да го учи трнерскиот занает, па започна да му асистира на Фабио Капело во Џиангсу Сунинг.
Бразилецот Атхирсон е без работа од 2016 година, после отказот во Еспорте Клуб од Фламенго. Џанлука Песото работи како тренер во младинскиот погон на Јувентус. Уругваецот Паоло Монтеро го води аргентинскиот Колон и гради солидна кариера во Јужна Америка.