Дома Фудбал Останато Единствениот пат кога Мурињо плачел поради пораз: Тешко беше, бевме најдобри во Европа (ВИДЕО)

Единствениот пат кога Мурињо плачел поради пораз: Тешко беше, бевме најдобри во Европа (ВИДЕО)

Веќе некое време во светот нема спортски случувања, па така ова е добра прилика за потсетување на некои работи од минатото, шпанска „Марка“ сега доби една ексклузива од Жозе Мурињо.

Мурињо од Лондон за „Марка“ помеѓу другото зборуваше и за сезоната 2011/2012 кога Реал ја победи Барселона во трката за титулата во Шпанија, но испадна од Баерн после изведувањето на пенали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе тогаш сметал дека неговиот Реал бил најдобар тим во Европа. И навистина, Реал тогаш во првенството заврши пред моќната Барселона на Гвардиола и изгледаше дека се фаворити за Лигата на шампионите.

Сепак, Мурињо во полуфиналето налета на Баерн кој ги победи после пенал рулетот и денес се памети „вселенското“ промашување на Серхио Рамос.

Португалецот за „Марка“ откри дека тогаш единствен пат плачел после пораз и тоа затоа што верувал дека неговиот тим е најдобар во Европа.

„Ноќта откако бевме исфрлени од Лигата на шампионите од страна на Баерн беше единствен пат кога плачев поради пораз. Каранка и јас седевме пред мојата куќа и плачевме во автомобилот…Таа сезона Реал беше најдобар тим во Шпанија и во Европа. Поради тоа тешко беше да се прифати елиминацијата од Баерн во Лигата на шампионите“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…