Дома Трансфер зона Единствениот клуб кој летово не купи ниту еден играч, ќе бара засилувања преку оглас

Единствениот клуб кој летово не купи ниту еден играч, ќе бара засилувања преку оглас

Tимот на Вест Хем е единствениот премиерлигаш кој досега не доведе ниту еден фудбалер во овој преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Чеканите“ очигледно имаат проблем, па никако да го доведат првото засилување, а времето минува. Претходно преговараа со Џејмс Ворд-Праус, Конор Галагер и Скот Мектомини, но ниту едни преговори не завршија успешно.

Дефинитивно имаат потреби од засилувања, па сега ќе се обидат да го привлечат вниманието на платформата „Transfer Room“ (Соба за трансфери). Според информациите на Вест Хем му се потребни седум фудбалери на позициите лево и десно крило, дефанзивен играч за врска, играч од средниот ред, напаѓач и офанзивен играч за врска.

Клубот има солиден буџет на располагање со оглед на тоа дека го продадоа Даклан Рајс на Арсенал за 20 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…