Дома Македонски спорт Мак баскет Еден од најталентираните македонски кошаркари го чека долга пауза

Еден од најталентираните македонски кошаркари го чека долга пауза

Виктор Исајловски, еден од најголемите таленти во македонската кошарка во овој момент на тренингот на МЗТ Скопје Аеродром Уни Банка заработи повреда, а сега за жал се покажа дека станува збор за повреда од сериозен карактер.

Дополнителните прегледи покажаа дека се работи за скинати предни вкрстени лигаменти. Операцијата е закажана и пред Исајловски е долг процес на рехабилитација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Операцијата е веќе закажана, по што ќе следува период на рехабилитација и тоа под будните очи на сите стручњаци со кои располага нашиот клуб. Исајловски и досега ја имаше поддршката од сите во нашиот клуб, а истата ќе ја има во следниот период, во кој ќе сториме сѐ за да го мине на најдобар и најкус можен начин. Тој е еден од играчите на кои сериозно сметаме во иднина и за кого сме уверени дека ќе израсне во еден од носителите на играта не само на МЗТ Скопје Аеродром, туку и на македонскиот национален тим, поради што ќе биде покрај него буквално во секој момент од неговиот пред и пост операциски период, како и за време на рехабилитацијата“, стои во соопштението од МЗТ

Фото: МЗТ Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонски репрезентативец МВП во Европкупот!

Ти Џеј Шортс втора година по ред покажува одлични игри на кошаркарските терени, сезонава д…