Дома Фудбал Еден гол го реши дербито: Тухел ја доби битката со Мурињо!

Еден гол го реши дербито: Тухел ја доби битката со Мурињо!

Вечерва се одигра дербито во Премиер лигата помеѓу Тотенхем и Челзи.

Тотенхем беше означен како благ фаворит пред почетокот на натпреварот поради формата во која е екипата на Челзи, но изгледа дека со доаѓањето на Тухел веќе некои работи се промениле на подобро.

Челзи со Тухел веќе трет натпревар во низа не прими гол. „Сините“ со него на клупата одиграа 0:0 против Вулвс и славеа против Барнли (2:0), а вечерва го добија Тотенхем на гости со 0:1.

Единствениот гол за Челзи го постигна Жоргињо од пенал во првото полувреме.

Со овој пораз Тотенхем и Мурињо влегуваат во една криза на резултати од три порази во низа. Избраниците на Мурињо претходно беа поразени од Ливерпул (1:3) и Брајтон (1:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…