Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Египет без Салах поразен со гол во финишот, Хименез стралеше за три бода на Уругвај (видео)

Египет без Салах поразен со гол во финишот, Хименез стралеше за три бода на Уругвај (видео)

Вториот ден од Мундијалот во Русија беше отворен со натпреварот помеѓу Египет и Уругвај.

Иако селекторот на Египет, Хектор Купер во текот на вчерашниот ден најави дека Мохамед Салах ќе игра на дешениот натпревар, сепак најдобриот фудбалер на Египет натпреварот го помина на клупата за резерви.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Египет не изгледаше лошо и без Салах, иако Уругвај беше репрезентацијата која ја имаше иницијативата. Сепак по првите 45 минути мрежите мируваа.

Во вториот дел гледавме слична слика на теренот, Уругвај како што одминуваше времето се повеќе притискаше. Суарез имаше солидна шанса, но сепак се одлучи да паѓа, а не да завршува, па приликата пропадна.

Потоа Едисон Кавани испрати фантастичен волеј удар кој Ел Шенави успеа да го одбрани, неколку моменти подоцна напаѓачот на ПСЖ ја погоди стативата од слободен удар.

Голот вреден три бода го постигна Хименез по еден центар шут од прекин во последната минута од регуларните 90.

По првото коло во оваа група Уругвај и Русија имаат по три освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Не игравме само против 11 фудбалери, туку и против тројцата судии“

Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лонд…