Дома Фудбал Останато Европско дерби со балкански шмек: Хрватска бара одмазда, Шпанија повторно е моќна!

Европско дерби со балкански шмек: Хрватска бара одмазда, Шпанија повторно е моќна!

Репрезентациите на Хрватска и Шпанија ќе ги одмерат силите во Лигата на нации во дербито на Групата А.

Интересно е дека Хрватска и понатаму може да биде победник во групата со две победи и покрај фактот што пред овој меч влегуваат како последнопласирани со само еден освоен бод.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватска и Шпанија до сега одиграле шест меѓусебни натпревари во кои „коцкестите“ славеле два пати, едно реми, а Шпанија има три победи, но онаа последната од 6:0 се уште ги боли Хрватите.

Хрватска после Мундијалот не личи на себе

Хрватската репрезентација го изненади фудбалскиот свет кога стигна до финалето на Светското првенство, но од тогаш „коцкестите“ повеќе не личат на себе. Хрватска после Мундијалот оствари само една победа и тоа во пријателски дуел против Јордан. Во Лигата на нации се наоѓаат на дното на табелата со само еден освоен бод. Меѓутоа, Хрватска се уште има шанса да биде победник во групата доколку ја победи Шпанија и Англија.

Тоа сигурно ќе биде исклучително тешка задача, особено после поразот од 6:0 во Шпанија. Првата ѕвезда Лука Модриќ успеа да ја подобри формата во последно време, што е добар сигнал за „коцкестите“. Перишиќ не покажува партии како што сите сме навикнале на него, но Крамариќ игра одлична сезона и до сега има постигнато 8 гола во Бундеслигата. Далиќ мора што побрзо да го врати стартиот сјај на репрезентацијата, особено сега кога одбраната е комплетирана со Врсаљко, Ловрен и Вида.

Луис Енрике ја препороди „црвената фурија“

Шпанската репрезентација е лидер на табелата и ова за нив е последен натпревар, па со победа можат да го осигураат првото место. Со доаѓањето на Луис Енрике „црвената фурија“ доби ново лице и игра фантастично, иако во минатото коло доживеа непријатен пораз од Англија на свој терен (2:3).

Поради тоа Шпанците сигурно во добро расположение ќе допатуваат во Загреб откако победија на три од последните четири меча и тоа со одлична гол разлика. Луис Енрике го врати Жорди Алба во репрезентацијата, а го повика и одличниот дефанзивец на Еспањол, Марио Ермосо. Добрата вест е што Иско се враќа во репрезентацијата и што Мората ја подобри формата во последно време.

Веројатни состави:

Хрватска (4-3-3): Ливаковиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Једвај, Модриќ, Ракитиќ, Брозовиќ, Крамариќ, Перишиќ, Ребиќ.

Шпанија (4-3-3): Де Геа, Аспиликуета, Мартинез, Рамос, Алба, Роберто, Бускетс, Саул Нигез, Аспас, Иско, Родриго.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…