Европските гиганти Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед на лето ќе водат битка за младиот талент на Леверкузен, Флоријан Виртц.
19-годишниот Виртц важи за еден од најперспективните фудбалери во Германија и сите експерти му предвидуваат голема кариера.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.
Баер Минхен веќе стапил во контакт со неговиот агент и ја разгледува можноста за негов трансфер на лето.
Меѓутоа, Баварците ќе имаат голема конкуренција бидејќи силен интерес за Виртц покажува Манчестер Јунајтед, кој внимателно ја следи ситуацијата.
Виртц веќе дебитираше за германската репрезентација, а „Билд“ смета дека Леверкузен нема да го пушти за помалку од 70 милиони евра.