Дома Топ вести Европа стравува од Реал: Лапорта го „минира“ трансферот на Халанд во Мадрид

Европа стравува од Реал: Лапорта го „минира“ трансферот на Халанд во Мадрид

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не може да се помири со фактот дека Реал Мадрид би можел следното лето да ги ангажира Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ се заинтересирани за двајцата фудбалери и имаат финансиска моќ за двата трансфери, но Лапорта се труди да го спречи трансферот на Норвежанецот, кого сака да го види во неговата екипа.

Шпанска „Марка“ тврди дека Барселона и многу други европски гиганти се загрижени дека Реал Мадрид може да ги купи двете ѕвезди.

Исто така, медиумот пишува дека Лапорта е опседнат со норвешкиот напаѓач и подготвен е да направи се што е потребно за да го доведе во свои редови.

Меѓутоа се поставува прашањето дали можи Барселона да го ангажира Халанд бидејќи во моментов е во финансиска криза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…