Дома Фудбал Останато Европа и светот изненадени: Колкави се шансите Ибрахимовиќ да се појави на Мундијалот?

Европа и светот изненадени: Колкави се шансите Ибрахимовиќ да се појави на Мундијалот?

Неодамнешната изјава на Златан Ибрахимовиќ дека сака да оди на Мундијалот и да биде во составот на Шведска на најголемата светска фудбалска смотра, предизвикаа големо внимание кај навивачите, јавноста и спортските работници во Шведска, но и ширум Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Златан гостувајќи во едно популарно шоу, откри јасен став дека сака да се врати од пензија и да добие крај каков што не му беше овозможен на ЕП пред две години.

Токму затоа, медиумите се обратија кај Андерсон, кого го прашаа – колку е реално Ибрахимовиќ да биде во тимот за Мундијалот?

„Тој може да биде дел од тимот“, истакна оптимистично Андерсон.

„Ако навистина тоа го сака, треба да ме повика и да ми каже какви му се намерите. Тогаш заедно ќе седнеме и ќе разговараме за се. Но, засега сето тоа е само шпекулација“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барселона официјално објави дека клубот постигнал договор со грчкиот Панатинаикос за транс…