Дома Топ вести Еве како ќе изгледа тимот на Реал следната сезона (фото)

Еве како ќе изгледа тимот на Реал следната сезона (фото)

Реал Мадрид подготвува големи промени во тимот без разлика каков ќе биде исходот на сезоната, а шпанските медиуми тврдат дека Флорентино Перез спремил буџет од 400 милиони евра за засилувања.

Управата на „кралевите“ му соопштила на тренерот Сантијаго Солари дека нема да остане на тренерската позиција, дури и да ја освои Лигата на шампиони, а како негови замени се споменуваат Масимилијано Алегри или Антонио Конте.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јасно е дека и некои големи ѕвезди ќе го напуштат Реал Мадрид оваа сезона. Марсело, Иско, Навас и Бејл готовон сигурно ќе бидат продадени, а не е загарантирано местото и на Тони Крос.

Марко Асенсио исто така не е задоволен од својот статус во тимот. Шпанецот не го исполни потенцијалот и не се покажа како лидер на тимот, па „кралевите“ се спремни да го продадат.

Според „Дон Балон“ од овие продажби Реал ќе инкасира околу 400 милиони евра кои ќе ги инвестира во нови засилувања.

Матијас де Лит е приоритет на „кралевите“ во одбраната, како и неговиот соиграч Таљафико, кој би требало да биде замена за Марсело.

Главна мета во нападот е Хари Кејн, кој е миленик на Перез и ќе направи се за да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.

Веќе подолго време се шпекулира за трансферот на Еден Азар, а според некои извори тој веќе се договорил со „кралевите“, па останува само двата клуба да ја договорат отшетата.

Во овие моменти медиумите лецитираат и со имиња како Дибала, Икарди, Ериксен... па јасно е дека на лето ќе има големи промени на „Сантиаго Бернабеу“.

Еве како треба да изгледа тимот на Реал Мадрид наредната сезона:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …