Дома Фудбал Еве зошто првенствата мора да завршат до 30 јуни!

Еве зошто првенствата мора да завршат до 30 јуни!

УЕФА вчера како заклучок од видеоконференцијата на која учествуваа претставниците на своите членки, асоцијациите на европските клубови и меѓународните здруженија донесе одлука да се одложи Европското првенство за 2021 година.

На Федерациите им е советувано да ги завршат првенствата и тоа да го направат до 30-ти јуни, а УЕФА има важна причина за тоа.

Како што е познато, сезоната почнува на први јули и завршува на 30 јуни следната година, па токму од таа причина УЕФА форсира да заврши токму тогаш сезоната.

Исто така, фудбалерите кои се во последната година од договорот и кои се на позајмица имаат договори до 30-ти јуни.

УЕФА и претходно им даде можност на своите членки сами да решат дали првенствата ќе продолжат или ќе се прогласи шампион според конечниот пласман во моментот.

Планот е финалето на Лига Европа да се игра на 27 јуни, а во Лигата на шампиони три дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…