Евертон покажува силен интерес за ѕвездата на Барселона, Филипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.
Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта планира на лето да го продаде Кутињо. Главната причина за продажбата се 20-те милиони евра кои Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Евертон, кој е спремен да плати 50 милиони евра, колку што бара Барселона за неговата слобода.
Кутињо сака да се врати во Премиер лигата, но овој трансфер би бил шокантен поради неговото минато во Ливерпул.
Покрај Евертон интерес за Бразилецот покажуваат уште Арсенал и Тотенхем.