Премиерлигашот Евертон покажува силен интерес за напаѓачот на Гремио и бразилски репрезентативец, Евертон, пренесуваат англиските медиуми.
Новиот тренер на „карамелите“, Карло Анчелоти, бара засилување во нападот, откако го смени системот во 4-4-2.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Извршниот директор на бразилскиот клуб, Клаус Камара, го потврди интересот на Евертон, но истакна дека се уште не пристигнала официјална понуда.
23-годишниот напаѓач веќе подолго време е на радарот на многу европски клубови, а Гремио за неговата слобода бара мнајмалку 40 милиони евра.
Покрај напаѓачот, Анчелоти во своите редови сака да го донесе и играчот за врска на Интер, Матијас Весино.