Дома Трансфер зона Евертон го претстави шестото засилување!

Евертон го претстави шестото засилување!

Евертон продолжува со својата трансфер кампања и денес го претстави 6-то засилување. Дефанзивецот Куко Мартина потпиша договор со „карамелите“ до 2020 година.

Мартина изминатите две сезони играше во Саутемптон, за кого одигра 24 натпревари и постигна еден гол. Пред доаѓањето во Премиер лигата го носеше дресот на Твенте.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мартина е искусен играч кој може да игра на различни позиции во одбраната. Неговиот ангажман е важен поради големиот број натпревари кои нè очекуваат оваа сезона“, изјави тренерот на Евертон, Роналд Куман.

Мартина е шесто засилување за Евертон во актуелниот преоден рок. „Карамелите“ новата сезона во Премиер лигата ќе ја почнат на 12 август, против Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент отк…