Фудбалерите на австралиската репрезентација го победија Тунис со 1:0 (1:0) во 2.коло од групата „Д“ на Светското првенство во Катар.
Тунижаните се бореа, исто како и против Данците, но само бoрба некогаш не е доволна за успех. Тактички, Австралија беше постабилна, со солидна дефанзивна поставеност која, како таква, ги држеше речиси сите напади на африканската селекција подалеку.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Австралијците поведоа во првото полувреме. Се играше во 23. минута кога Гудвин нафрли од левата страна, а Мичел Дјук феноменално ја закачи топката со глава и ја испрати во малата мрежа на Дамен за големото славје на „кенгурите“.
Тунижаните имаа две добри ситуации на крајот од првото полувреме кога Мохамед Драгер и Јусуф Мскани ги пропуштија најдобрите прилики за својот тим. Се обидуваа и во вториот гол, сепак нов гол не видовме. Австралија по овој триумф има добри прилики за пласман во следната фаза, додека на Тунис ќе му треба чудо против Франција.
Duke Goal pic.twitter.com/vtHEhlZ0YP
— Skirk. (@SkirkFTBL) November 26, 2022