Дома Фудбал Англија Дури и Миа Калифа го исмејува Арсенал (ФОТО)

Дури и Миа Калифа го исмејува Арсенал (ФОТО)

Фудбалерите на Арсенал вчера на гостувањето кај Вотфорд освоија само еден бод иако после првото полувреме водеа 0:2.

Изгледаше дека Арсенал ќе запише нови три бода, меѓутоа „топџиите“ на крајот спасуваа и реми. Вотфорд ги искористи грешките на играчите на лондонскиот клуб и на крајот дојде до 2:2, а беа блиску и до целосен пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На удар на јавноста посебно се најде Матео Гендузи кој при излегувањето од игра ги провоцираше навивачите на Вотфорд. Тој со рацете гестикулираше дека е 2:1 за Арсенал и дека Вотфорд ќе изгуби, но на крајот тоа не се случи.

Гендузи така стана предмет на исмејување на друштвите мрежи. Во целата ситуација се вклучи познатата поранешна актерка од филмовите за возрасни.

„Искрено навивам за било кој клуб кој игра против Арсенал“, напиша утрово Миа Калифа на нејзиниот Твитер профил.

Инаку, после „пензионирањето“ од нејзината „професија“ Миа се почесто во последно време ги следи фудбалските случувања и се појавува на стадионот на Вест Хем, клубот за кој навива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…