Дома Фудбал Останато Дудек: Меси е лажен и провоцира, таква беше цела Барселона на Гвардиола

Дудек: Меси е лажен и провоцира, таква беше цела Барселона на Гвардиола

Прославениот поранешен голман на Ливерпул, Јержи Дудек испрати критики кон Лионел Меси и Пеп Гвардиола.

Дудек го обвини Меси дека лажно се претставува пред јавност.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Тој лош Меси го видов во дуелите со Пепе и Рамос. Кажа такви работи што не можат да се замислат за некој кој наводно е така мирен и љубезен. Лажен е и провокативен, како што беше и целата Барселона на Пеп Гвардиола. Знаеа соврешно да го испровоцираат противникот. Тоа го нервираше Жозе Мурињо. Беше лут кога со нив ги менувавме дресовите после Ел Класико“.

Дудек кој денес има 47 години за Реал Мадрид бранеше од 2007 до 2011 и настапи на 15 натпревари. Најславниот период од кариерата го помина во Ливерпул каде што настапуваше од 2001 до 2007. Посебно се итакна во финалето од Лигата на шампионите во 2005 година кога на неверојатен начин „црвените“ го освоија трофејот против Милан откако губеа со 3:0 на полувреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…