Дефанзивецот на Милан, Лео Дуарте ќе паузира во наредните четири месеци, соопшти клубот од Миланo.
Дуарте во Швајцарија ja оперираше Ахиловата тетива на левата нога и нема да му биде на располагање на Стефано Пиоли до напролет.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан изјави дека операцијата била успешна и без компликации, а бразилскиот дефанзивец сега го чека повеќемесечен период на опоравување.
Дуарте стана редовен стартер по доаѓањето на Пиоли, но се повреди за време на паузата со националниот тим во ноември, па така фудбал ќе игра повторно следната година.
Досега, овој 23-годишниот играч одигра само пет натпревари.