Дома Останати Тенис Друго и неможеше да се очекува, Надал фуриозно до финалето на Ролан Гарос

Друго и неможеше да се очекува, Надал фуриозно до финалето на Ролан Гарос

nadal

Рафаел Надал успеа да се пласира во финалето на Ролан Гарос откако денес со 3:0 го совлада Аргентинецот, Хуан Мартин Дел Потро.

Шпанецот во овие моменти изгледа незапирливо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес во полуфиналето на Ролан Гарос го преслуша Хуан Мартин Дел Потро со 6:4, 6:1 и 6:2 за два часа и 17 минути игра.

Така Рафа се пласираше во фианлето каде што ќе игра против Доминик Тим кој денес порано го совлада Италијанецот, Марко Чекинато кој беше најголемо изненадување на турнирот.

Надал денес играше многу подобро во клучните поени, спаси седум брејк топки кои ги имаше Аргентинецот и имаше далеку подобар процент на освоени поени на свој сервис отколку противникот.

На сето тоа Дел Потро правеше и навистина многу неизнудени грешки со цел да ја намали должината на поените, а на крајот тоа се покажа како погрешна тактика.

Надал во неделното финале против Тим ќе биде голем фаворит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Изјава која не ветува: Дали Надал уште еднаш ќе ги разочара фановите?

Веројатно најдобриот тенисер на сите времиња кога е во прашање играњето на земјена подлога…