Ни се ближи и официјалниот крај на фудбалската сезона, барем кога во прашање се клубовите, а од фудбалерите кои ќе станат слободни би можеле да составите навистина одличен тим.
Секако, се мисли на фудбалерите на кои им завршуваат актуелните договори со сегашните клубови, а некои од нив веќе ја имаат избрано новата средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Доколку ги избереме најдобрите 11 кои остануваат без договор бидејќи одбија да ја продолжат соработката, тогаш добиваме екипа која би била страв и трепет и за најсилните во Европа.
Погледнете како би изгледал тимот од фудбалери на кои договорот им истекува.
Лукас Гардерски (Франкфурт), Лук Шо (Манчестер Јунајтед), Стефан Де Вриј (Лацио), Џорџо Киелини (Јувентус), Ашраф Хакими (Реал Мадрид), Бернард (Шахтјор), Емре Чан (Ливерпул), Џек Вилшер Арсенал), Макс Мајер (Шалке), Фернандо Торес (Атлетико) и Марио Балотели (Ница).
жКако што кажавме некои од нив веќе имаат избрано каде ќе играат следната сезона. Де Вриј оди во Интер, Чан во Јувентус, Киелини најверојатно ќе стави потпис на нов договор со Јувентус, Торес се очекува да ја напушти Европа, Вилшер се поврзуваше со Милан а Балотели се враќа во Серија А во игра се Фиорентина и Рома.