Дома Фудбал Останато Драмата помеѓу Ривер и Бока изгледа како да е завршена

Драмата помеѓу Ривер и Бока изгледа како да е завршена

river boka

За случувањата пред реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока може да се сними и филм.

Реваншот на овие два големи ривали требаше да се одигра пред десетина дена на „Монументал“, но натпреварот беше одложен поради нападот на навивачите на Ривер на автобусот со играчи на Бока. Во тој напад беа повредени неколку играчи на овој тим и тие по никоја цена не сакаа да истрачаат на „Монументал“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


КОНМЕБОЛ се обиде да го организра натпреварот 24 часа подоцна, но и тој обид помина неуспешно.

Во тој момент стана јасно дека натпреварот ќе се игра надвор од Аргентина, но ретко кој очекуваше тоа да биде на друг континент. На крајот донесена беше официјална одлука натпреварот да се одигра на 9-ти ноември на „Сантијаго Бернабеу“ бидејќи во Шпанија живеат голем број Аргентинци.

Кога изгледаше дека се е завршено се појави нов проблем. Ривер одби да игра во Мадрид и бараше натпреварот да се игра на нивниот „Монументал“, но такво нешто едноставно беше невозможно. Сепак, денес пристигнуваат убави вести од Аргентина бидејќи од Ривер соопштиле дека ќе допатуваат во Мадрид за конечно да се одигра овој натпревар.

Сега, иако изгледа како се да е завршено кога се овие два тима во прашање навикнавме дека ништо не е сигурно се додека не се огласи главниот арбитар на 9-ти во недела во 20:30 часот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …