Дома Трансфер зона До кога ќе трае летниот преоден рок?

До кога ќе трае летниот преоден рок?

Пандемијата со коронавирусот ја уништи сезоната во светот на фудбалот.

Скоро сите лиги се прекинати, а се претпоставува дека можеби ќе се продолжи во април или мај и да трае до крајот на јуни и почетокот на јули.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа, веројатно ќе биде одложено и Европското првенство, а без дилеми ќе мора да се помести и летниот преоден рок.

Така, според некои информации, летниот преоден рок ќе почне на првиот ден од август и ќе трае до средината на септември. Така екипите ќе можат да ги обноват своите тимови и на вистински начин да се спремаат за новата сезона.

Ова со сигурност е добра одлука, само уште да ја одобри УЕФА, што веројатно нема да биде никаков проблем.

Во вторникот е закажана седница на УЕФА и после неа ќе знаеме многу повеќе работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…