Дома Фудбал Останато Дојде редот на Интер: ПСЖ ја одреди цената за долгопосакуваниот играч

Дојде редот на Интер: ПСЖ ја одреди цената за долгопосакуваниот играч

Хавер Пасторе кариерата би можел да ја продолжи во Италија, откако и самиот играч изјави дека би се радувал на свој кам бек на Апенините.

Познато е дека за неговите услуги е заинтересиран милански Интер, а сега е познато и колку „Нероаѕурите“ би морале да платат за неговите услуги.

Во Интер се надеваа дека би можеле да направат размена со „Светците“ во која Жоао Марио би заминал на „Паркот на принцовите“, а Пасторе би пристигнал на „Меаца“, но до тоа нема да дојде.

Спортскиот директор, Антеро Енрике изјави дека цената за некогашниот играч за Палермо е 20 милиони евра, па управата на италијанскиот клуб би мора да издвои средства доколку го сака Пасторе во своите редови.

Ќе мораат „Нероаѕурите“ брзо да донесат одлука, бидејќи Севиља веќе ги подготви споменатите 20 милиони евра за Хавиер Пасторе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи со нови сили против Виљареал во ЛШ

Наполи со засилено средиште ќе се соочи со Виљареал во Лигата на шампионите, каде што Гилм…