Дома Фудбал Останато Дојде моментот да се каже вистината: Еве како Нејмар ја „откачи“ Барселона

Дојде моментот да се каже вистината: Еве како Нејмар ја „откачи“ Барселона

Бразилскиот фудбалер Нејмар одлучи ова лето да ја напушти Барселона и својата кариера да ја продолжи во редовите на ПСЖ.

ПСЖ за него плати неверојатни 222 милиони евра, па така Нејмар стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот. Иако го потпиша со Каталонците својот нов договор, одлучи да ги напушти и да се пресели во Франција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Барселона беа шокирани со потегот на Бразилецот бидејќи веруваа дека нема шанси Нејмар да го напушти клубот. Сепак, веројатно еден од најдобрите играчи на светот сакаше промена во својата кариера, но рака на срце, се чини не можеше да ги одбие милионите од „Паркот на принцовите“.

Шпанските медиуми објавија денес дека челниците на Барселона одлучиле да откријат на кој начин Нејмар им соопштил дека заминува во ПСЖ. Иако многу порачаа дека тоа е вина токму на челниците на клубот, сепак сега е јасно дека Нејмар и пред почетокот на подготовките знаел дека ќе замине.

Директорот на Барселона, Алберт Солер изјави денес дека тие се обиделе на сите начини да го убедат да остане на „Камп Ноу“, но не успеале. Исто така, Солер ја шокираше јавноста кога истакна дека бразилската ѕвезда преку порака на WhatsApp им јавил дека заминува во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човекот кој во Челзи помина 27 години доживотно суспендиран од фудбалот

Тренерот кој 27 години помина во Челзи на различни позиции, Гвин Вилијамс никогаш повеќе н…