Не е тајна дека Зинедин Зидан повеќе сака на голот да биде Кејлор Навас. Тибо Куртоа не е баш во добра форма од доаѓањето во Реал.
Ако ги соберете овие две информации тогаш се добива веста која денес ја пренесуваат шпанските медиуми: Реал Мадрид сака да го продаде Куртоа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кралевите“ сакаат да го продадат, но на Белгиецот наводно баш и не му се заминува.
Доаѓањето на Зидан значеше промена на статусот за неколку играчи. Помеѓу нив е и Куртоа, клубот сака да се ослободи од него и Навас да добие 100% подршка. Тоа како што се пишува е заедничка одлука на Зидан и менаџментот на клубот.
Куртоа наводно во Реал не задоволил во два сегменти. Неговиот спортски учинок не е на очекуваното. Дојде како еден од најдобрите голмани во светот и не го исполни она што од него се очекуваше. Втората причина е што на Реал не му се допаѓа приватниот живот на Куртоа кој често пати се појавува во таблоидите во Шпанија.
Зидан му верува на Навас кој многу му донесе во досегашната соработка. Довербата ја има од двете страни, па и Навас донел одлука да не заминува.
Куртоа во Реал пристигна минатото лето. Потпиша договор на шест сезони и беше платен 40 милиони евра на Челзи. Ќе видиме доколку Куртоа навистина заминува колку Реал ќе бара за неговите услуги.