Барселона беше многу активна минатото лето кога се во прашање трансферите. Каталонците доведоа неколку одлични играчи, а еден од нив наводно би можел да го напушти клубот веќе во јануари.
Барселона летово со оглед во каква финансиска ситуација беше правеше чуда на трансфер пазарот, за многумина не е јасно како успеаа да останат во границите на финансиските фер-плеј.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шпанскиот новинар Тони Хуанмарти пишуваше за плановите на Барселона за порталот „Релево“. Според неговите информации, Барселона нема да брза во зимскиот преоден рок.
Овој пат приоритет ќе биде грижата за буџетот. Сите поголеми потези се закажани за летниот преоден рок, а ситуацијата во клубот секако ја отежна и испаѓањето од Лигата на шампионите, односно третото место кое ги однесе во Лигата на Европа, втора пролет по ред.
Пресметката предвидуваше пласман во четврт-финалето, а Барселона веќе беше елиминирана во групната фаза и ќе игра во Лига Европа. Главниот проблем на Барселона е буџетот за плати. Затоа клубот бара можности да се раздели со некои играчи.
„Релево“ наведува двајца играчи кои се на списокот за заминување. Првиот е Мемфис Депај. Не игра многу по доведувањето на Роберт Левандовски, а беше блиску до заминување и летово кога за него интерес покажа Јувентус. Сепак, според медиумите, Депај во последен момент сакал да ги промени условите од договорот со италијанскиот клуб и трансферот на крајот не се случи.
Друг играч кој би можел да го напушти клубот е Франк Кеси. Ова изгледа прилично изненадувачки бидејќи тој се приклучи на Барселона само пред неколку месеци, во претходниот преоден рок. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска не ги оправдува очекувањата од него и се уште се мачи со повредите.