Борисија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.
„Спорт 1“ тврди дека прв на листата за продажба е Џејдон Санчо, а причина е слабата форма на тимот и на економските последици од пандемијата на Ковид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шансата ќе ја искористи Манчестер Јунајтед, кој силно го посакуваше Санчо уште минатото лето. Тогаш „црвените ѓаволи“ сметаше дека е превисока цената од 120 милиони евра која ја бараше Дортмунд.
Според последните информации Дортмунд ја намалил цената на Санчо и е спремен да го пушти за 90-100 милиони евра, сума која Јунајтед е спремен да ја плати.