Раководството на Борусија Дортмунд планира да го задржи во тимот голгетерот Ерлинг Халанд и следната сезона, и покрај инетерсот на европските гиганти.
20-годишниот Норвежанец постигна 33 гола на 34 меча во сите натпреварувања и е трансфер цел на половина Европа.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Сити, Реал Мадрид и Барселона веќе ја започнаа битката за негов потпис и имаа контакт со неговиот агент.
„Имаме јасен план. Следната сезона ќе ја започнеме со Халанд во тимот“, изјави спортскиот директор на „милионерите“ Михаел Цорк.
Халанд во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, а Борусија може ова лето да го продаде за значитечно поголема сума.