Дома Трансфер зона Дортмунд во Милан ја најде замената за Санчо

Дортмунд во Милан ја најде замената за Санчо

Борусија Дортмунд е во напредни преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на Џејдон Санчо.

Двете страни се блиску до договор, а Дортмунд од продажбата на Санчо ќе инкасира 75 милиони фунти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Билд“ пренесува дека „милионерите“ веќе започнале да бараат замена за Англичанецот, а прва мета е Рафаел Леао од Милан.

Младиот Португалец игра солидно, но Милан е спремен да го продаде за да инвестира во нов напаѓач.

„Росонерите“ за неговата слобода бараат 30 милиони евра, сума која Борусија е спремна да ја плати, но треба да се избори со конкуренцијата бидејќи интерес за Леао покажуваат уште Вулверхемптон и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…