Дома Кошарка Дончиќ ја продолжи серијата, Кари блесна со 47 поени, прв пораз за Милвоки 🎥

Дончиќ ја продолжи серијата, Кари блесна со 47 поени, прв пораз за Милвоки 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа дури 15 натпревари, играа сите 30 екипи што не се случува толку често. Меѓутоа помеѓу сите повторно се издвојува Лука Дончиќ.

Дончиќ ја продолжи серијата од 30 или повеќе поени по натпревар против Бруклин во кој Далас славеше 96:94. Словенецот постигна 36 поени, а додаде уште шест скока и исто толку асистенции со што ја продолжи низата која сега е девет натпревари. Неговата низа е втора најдолга единствено Вилт Чемберлен е пред него со 23 натпревари во низа на кои постигнувал 30+ плус поени. Далас со шестата победата се наоѓа на петтото место на Западот.

    Нема повеќе непоразени екипи во НБА, првиот пораз вчера го забележа и Милвоки. По девет врзани победи од стартот Милвоки изгуби на гостувањето кај Атланта. На овој натпревар Бакс беа без Тре Јанг. Атланта беше предводена од Грифин и Мареј кои уфрлија по 25 и 24 поени. Јанис Антетокумпо беше најдобриот поединец кај Милвоки со 25 поени.

    Треба да се спомене и фантастичната вечер на Стеф Кари кој постигна 47 поени и додаде уште осум скока и асистенции. Неговиот Голден Стејт ја прекина црната серија и славеше по пет натпревари против Сакраменто со 116:113.

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Кошарка

    Проверете

    Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

    Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…