Дома Кошарка Дончиќ со одличен настап ја дочека новата година, Харден обезбеди триумф на Хјустон (ВИДЕО)

Дончиќ со одличен настап ја дочека новата година, Харден обезбеди триумф на Хјустон (ВИДЕО)

Оклахома Сити на домашен паркет во неизвесна завршница го победи Далас со 106:101.

Двете екипи имаа два периоди на подобра игра. После првата четвртина Мавси беа на +12 (20:32), но на крајот беа поразени откако Тандерси имаа подобра завршница.

Лука Дончиќ беше одличен во вечерта во која се дочекуваше новата година. Словенецот уфрли 35 поени, додаде 10 скока и седум асистенции, но во последните секунди промаши тројка за изедначување.

До победата Оклахома беше предводена од Данило Галинари и Денис Шордер со по 20 поени. Добар натпревар одигра и Крис Пол кој 13 од неговите 17 поени ги постигна во последната четвртина.

Нов триумф запишаа и Хјустон. Харден ги предводеше Ракетите со 35 поени и Расел Вестбрук со 28 поени против Денвер Наџентси. Никола Јокиќ уфрли 21 поен.

Актуелните шампион, екипата на Торонто немаше проблеми со Кливленд. Домаќините со 23 поени на Ловри го совладаа Клвиленд 117:97.

Во Сан Антонио се играше продолжение. Домаќините Спарси беа подобри од Голден Стејт со 117:113. Кај домаќините се издвои Дерозан со 24 поени, а кај гостите Буркс постигна 28 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…