Tимот на Далас направи голем чекор напред кон следната фаза од плеј-офот. Со последниот триумф изминатата вечер на свој терен против Клиперси (123:93) си обезбедија меч топка на свој терен.
И во овој натпревар човек на одлука беше Лука Дончиќ кој одново ја покажа својата кошаркарска магија. Настапот на Дончиќ беше неизвесен поради повреда на коленото, меѓутоа тој излезе на терен и одигра маестрално.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Словенечкиот кошаркар натпреварот го заврши со дабл-дабл од 35 поени, 10 асистенции и седум скока. Колку доминираше најдобро покажува тоа што имаше дури 20 поени повеќе од вториот стрелец на натпреварот, Клебер (15). Во редовите на Клиперс по толку постигнаа Џорџ и Зубац.
Во овој момент Далас во серијата има предност од 3:2.
Во вториот натпревар во вечерта Бостон и четврти пат го победи Мајами, па така со 4:1 си обезбеди место во наредната фаза.