Изминатата вечер во лигата се одиграа шест натпревари.
Лука Дончиќ се врати на теренот после четири натпревари пауза поради повреда, а неговиот Далас на домашен терен во тексашкото дерби го совладаа Сан Антонио со 102:98.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Словенецот запиша 24 поени (9-23 од игра, 5-8 пенали), 10 скока и 8 асистенции, Тим Хардвеј јуниор уфрли 17 поени (7-14 од игра), Фини Смит имаше 13 поени (5-6 од игра), како и Кристапс Порзингис (4-15 од игра, 8 скока, 3 асистенции).
Кај Спарси најефикасни беа Демар Дерозан со 21 и Лемаркус Олдриџ со 17 поени. Мечот Далас го реши додека на теренот го немаше нивниот најдобар играч. Со три тројки на Геј Спарси од -13 стигнаа до -3 во раната фаза од последната четвртина, но следеше рафал на домаќините – Порзингис уфрли две тројки во низа, а до половината на последната четвртина Далас даде уште пет и така создаде недостижни 102:85. Во финишот Спарси направија предност од 13:0, меѓутоа не можеа ништо повеќе.
Дербито на Њујорк им припадна на Никси (8-24) кои го совладаа Бруклин со 94:82.
Гостите славеа полесно од она што може да се заклучи по конечниот резултат, а блескаше Џјулијан Рендл со 33 поени и 8 скока, Маркус Морис имаше 22 поени и 8 скокови, а Елфрид Петјон додаде 13 поени, 7 скока и 4 асистенции. Кај Нетси се истакна Спенсер Динвиди со 25 поени.
Беше ова историски лоша вечер за Нетси бидејќи уфрлија само осум шута за два поени што е најмалку од воведувањето на линијата за три поени во сезоната 1979/1980.
НБА резултати:
Детроит – Вашингтон 132:102
Бруклин – Њујорк Никси 82:94
Далас – Сан Антонио 102:98
Оклахома – Мемфис 97:110
Сакраменто – Минесота 104:105 (после продолженија)
Јута – Портланд 121:115