Далас Маверикс претрпеа пораз на домашен терен од Лос Анџелес Клиперси со 107:110 во единствениот натпревар кој се играше помеѓу вторникот и средата во рамките од НБА лигата.
После егалот во првата четвртина, во втората Клиперси беа значително подобар тим. Тој дел од играта го добија со 36:25 и на полувреме имаа 11 поени предност. Сепак, Далас таа предност успеа да ја стигне со одличната игра на Лука Дончиќ, па Мавси после 36 минути губеа само четири разлика. Во последната четвртина Далас продолжи да игра добро и успеа да поведе на половина од четвртината со 92:90.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со таквата разлика се продолжи се додека Клиперси не направија серија од 11:2 со што на 1:15 до крајот направија голема предност. Беше 108:100, а важно поени постигнаа Кавај Ленард, Лендри Шемет и Монтрези Херел.
Тројката на Дончиќ и погодувањето од офанзивен скок на Макси Клебер го вратија Далас во игра. Клиперси промашија неколку напади. Надежите на Далас се изгубија кога Дончиќ на седум секунди до крајот промаши две слободни фрлања.
Ленард и Дончиќ беа најефикасни на овој натпревар со по 36 поени. Ѕвездата на Клиперси имаше шут од игра 12/29, 11 скокови и две асистенции. Дончиќ беше на чекор од трипл-дабл со десет скокови и девет асистенции, а шутот од игра му беше 12/26, додека пенали шутираше 9/14.