После двата порази во низа Далас се врати на победите во НБА лигата и тоа повторно благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ.
Далас славеше победа против Портланд од 117:112, а во овој натпревар Словенецот стигна до трипл дабл со 42 поени, 13 скока и 10 асистенции. За Дончиќ ова беше трет трипл-дабл во кариерата во кој постигнува 40+ поени. Во редовите на Портланд поентерски расположен беше Џереми Гранд кој постигна 37 поени.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од останатите натпревари за издвојување е Џејсон Тејтум од Бостон кој постигна 43 поени и имаше уште 10 скока во победата на Бостон на гости кај Детроит. За Селтикси ова е веќе петта победа во низа и го „Бркаат“ Милвоки на врвот во Источната конференција.
40 поени надмина и Ембид од Филаделфија. Зад неговото име тој запиша 42 поени, 10 скока и шест асистенции во триумфот против Атланта. Тре Јанг оствари дабл-дабл од 27 поени и 11 асистенции.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Њу Орлеанс – Хјустон 119-106, Далас – Портланд 117-102 Мајами – Шарлот 132-115 Филаделфија – Атланта 121-109 Индијана – Торонто 118-104, Детроит – Бостон 108-117 Вашинтон – Јута 121-112