Дома Останати Кошарка НБА И 42 поени на Дончиќ не беа доволни за победа на Далас, Клиперси водат 1:0 ?

И 42 поени на Дончиќ не беа доволни за победа на Далас, Клиперси водат 1:0 ?

НБА плеј-офот се отвори вчера и на отварањето гледавме неколку фантастични натпревари.

Дербито на вечерта го играа ЛА Клиперси и Далас Маверикс, а на крајот до победа стигнаа Клиперси кои славеа со 118:110. Сепак, Далас покажа дека нема да биде лесен залак за клубот од Лос Анџелес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас одлично го отвори натпреварот и после првата четвртина водеше со 38:34. Клиперси до полувремето успеаа само да ја намалат таа предност, но не и да го свртат резултатот во своја корист (69:66).

Одлучувачката беше третата четвртина. Во овој период Далас уфрли само 13 поени додека Клиперси лесно стигнаа до пресврт и имаа предност од пет поени.

Во последните 12 минути гледавме навистина одличен меч, на крајот Клиперси славеа со 118:110 и така поведоа со 1:0 во серијата.

Клиперси до победата ги предводеше Каваи Ленард кој оствари дабл-дабл со 29 поени и 12 скокови и додаде уште шест асистенции и три украдени топки. Се истакна и Пол Џорџ со 27 поени.

Кај Далас уште еден маестрален натпревар одигра Лука Дончиќ. Словенецот за нешто повеќе од 38 минути на паркетот постигна 42 поени, подели девет асистенции и оствари седум скока и три украдени топки.

Вчера се одиграа и уште два натпревари. Бостон со 109:101 ја победи Филаделфија и поведе со 1:0, а со ист резултат во серијата води и актуелниот шампион Торонто кој без проблем ја совлада Јута со 134:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…