Сапуницата околу судбината на Џанлуиџи Донарума продолжува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот голман во текот на вчерашниот ден преку својот Твитер профил ги демантираше шпекулациите дека има намера да се раздели со агентот Мино Раиола.
Имено тој „твитна“: „Вчера, денес, утре“, а покрај тоа додаде и два хаштага, Донарума и Раиола.
Поради тоа се подигна огромна прашин, а потоа набрзо преку својот Инстаграм Донарума се извини.
Тој изјави дека му е жал што неговиот „твит“ подигнал толку прашина како и дека го сака Милан и дека по завршувањето на Европското првенство во Полска ќе ги разгледа понудите за продолжување на договорот со „росонерите“.
Сепак, набрзо се случи нешто чудно. Инстаграм профилот на Донарума беше избришан.
Потоа младиот голман преку Твитер соопшти дека неговите Инстаграм профил бил хакиран и дека поради тоа морал и да го избрише.