Дома Трансфер зона Донарума на излезна врата, Милан веќе му најде замена

Донарума на излезна врата, Милан веќе му најде замена

„Газета дело Спорт“ пушува дека иднината на Џанлуиџи Донарума во Милан не е сигурна, па „росонерите“ веќе почнале да му барата замена.

20-годишниот Донарума игра уште една одлична сезона и е една од ретките светли точки кај „росонерите“, а веќе е прв големан на италијанската репрезентација.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па доколку не го продолжи до крајот на сезоната „росонерите“ ќе бидат приморани да го продадат на лето.

За Донарума постои голем интерес, но Милан одбива да го продаде на големиот ривал Јувентус, па како најверојатна дестинација во моментов се споменува Пари Сент Жермен.

Според Газета дело Спорт, Милан веќе работи на планот Б, односно во случај Донарума дефинитивно да го одбие договорот. Наводно голманот на Удинезе, Хуан Мусо е првиот избор на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…