Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, бидејќи неговиот договор со Милан истекува на крајот на сезоната.
Милан веќе подолго време е во преговори со неговиот менаџер Мино Раиола и се обидува со сите сили да го задржи Донарума на „Сан Сиро“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека младиот голман веќе постигнал договор со Манчестер Јунајтед и би можел кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат Де Геа, кој не е на највисоко ниво оваа сезона, па во Донарума гледаат долгорочно решение на голманската позиција.
Донарума, кој стана најмлад играч во историјата кој стигнал до 200 настапи во Серија А, не сака да замине од Милан без обештетување, па поради тоа бара да има ниска откупна клаузула во договорот.
Раиола бара откупната клаузула да биде помеѓу 30 и 40 милиони евра, бидејќи Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума.