Дома Фудбал Италија Донарума во 2011 година не поминал на пробата во Јувентус

Донарума во 2011 година не поминал на пробата во Јувентус

Џанлуиџи Донарума после Европското првенство на кое ја освои наградата за најдобар играч на турнирот многумина го сметаат за најдобар голман во светот.

Донарума израсна во Милан, а по ЕП направи трансфер во редовите на ПСЖ. Работите можеле да се одвиваат поинаку во неговата кариера ако ја поминел пробата во Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, кога имал само 12 години Донарума бил на проба во гигантот од Торино. За тој момент зборуваше легендарниот Фабрицио Раванели.

„Се сеќавам на него. Тешко е да се заборави кога ќе видите некој толку доминантен. Имаше само 12 години, никој не можеше да му даде гол. Мој предлог беше веднаш да се ангажира. Ова се случуваше во 2011 година, но клубот поради некоја причина не го задржа“.

Донартума во Милан доби шанса да застане помеѓу стативите на само 16 години кога тренер на „росонерите“ беше Синиша Михајловиќ.

Инаку, Донарума ова лето пред да потпише со ПСЖ се поврзуваше и со Јувентус, но на крајот преговорите не одеа во добра насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Оваа земја не го сака ВАР: Никогаш нема да го воведеме

Најдобрите лиги во Шведска нема да воведат систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалскит…