На еден ден пред завршниот фајнлфор турнир во Келн ЕХФ денес го објави идеалниот тим на сезоната во Лигата на шампионите во кој доминира – Вардар!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во изборот на ЕХФ според гласањето на навивачите Вардар доби дури пет свои претставници.
Македонскиот шампион ги има најдобриот голман, најдоброто лево крило, најдобриот десен бек, десно крило и тренер.
Дејан Милосваљев, Тимур Дибиров, Даинис Кристопанс и Иван Чупиќ се најдоа во идеалниот тим, додека Роберто Гарсија Парондо беше избран за тренер на овој тим.
Од останатите клубови двајца играчи доаѓаат од Веспрем (Кентин Мае и Блаж Благотиншек), а по еден од ПСЖ (Микел Хансен), Килеце (Јулен Агинагалде) и Барселона (Лудовик Фабрегас).
Вардар на фајнлфор турнирот утре во полуфиналето ќе игра против Барселона (18:00 часот).