Вчера Вардар и Порто го играа натпреварот од петтото коло во Лигата на шампионите, дуелот заврши без победник 25:25, а најзаслужни за тој резултат беа голманите на двете страни, Борко Ристовски и Никола Митревски.
Ристовски блескаше со 18 одбрани и четири постигнати гола, па сосема очекувано беше избран за голман на колото. Од друга страна Митревски втора недела по ред го собира признанието за најдобрата одбрана.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ТИМ НА ПЕТТОТО КОЛО
Голман: Борко Ристовски (Вардар)
Лево крило: Тилен Кодрин (Целје)
Лев бек: Сандер Сагосен (Кил)
Среден бек: Игор Карачиќ (Киелце)
Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце)
Десно крило: Никлас Екберг (Кил)
Пивот: Виктор Итуриза (Порто)
ОДБРАНАТА НА МИТРЕВСКИ
WATCH: Once again Nikola Mitrevski is on ? for @FCPorto! #ehfcl pic.twitter.com/LZKDY4QFLo
— EHF Champions League (@ehfcl) October 22, 2020