Цел Бразил се моли за здравјето на Нејмар и се надеваат дека тој ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија.
Докторот од селекцијата на Бразил, Родриго Ласмар излезе со нови информации поврзани за здраствената состојба на најдобриот играч на оваа земја.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пред големо натпреварување какво што е Светското првенство ваквите повреди секогаш се причини за страв. Нејмар на почетокот беше нервозен, но неговата ментална сила му помогна тоа да го надмине. Тој сака да се врати што побрзо, но одредивме рок од шест недели после операцијата кога ќе ја направиме следната проценка за неговото опоравување. Ќе направиме нови снимки кои ќе ни помогнат да дефинираме кога тој ќе се врати“, изјави Ласмар.
Секако, сите во Бразил не сакаат ниту да помислат дека нивната репрезентација не ќе може да смета на најскапиот фудбалер во историјата.