Дома Фудбал Италија Докторот кој ќе го лекува Михајловиќ се огласи во јавноста

Докторот кој ќе го лекува Михајловиќ се огласи во јавноста

Микеле Каво ќе води грижа за Синиша Михајловиќ.

Српскиот стратег го започна лекувањето во болницата во Болоња каде што доби голема поддршка од навивачите, а докторот кој ќе се грижи за него е еден од најдобрите во својата област. Тој ја даде и својата прва прогноза.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Не можат да се извлечат сите видови на луекимија, но некои дури и акутната можат да бидат победени. Што побрзо откриеме за што станува збор, добиваме поголема предност. Дури и кај оние каде што не е можно во целост да бидат излекувани, денешните лекови можат значително да го продолжат животниот век. Сите кои боледуваат од леукемија треба да бидат свесни дека живееме во време на научни достигнувања. Постојат големи успеси и денес правиме работи кои пред десет години беа незамисливи“.

„Морам да ја сочувам приватноста на мојот пациент. Тој е оној кој ќе одлучи колку информации ќе бидат споделени во јавноста. Можам само да го повторам она што го кажувам за сите пациенти. Надежта е една од најважните работи во процесот на лекување“, изјави Каво за „Република“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта избрал тројца фаворити за наследник на Чави

До крајот на сезоната Барселона ја очекуваат важни натпревари како во Примера, така и во Л…