Дома Фудбал Докторот изнесе нови информации за здравствената ситуација на Марадона

Докторот изнесе нови информации за здравствената ситуација на Марадона

Диего Марадона мораше да заврши на итна операција на главата поради хематом на мозокот.

Постоеше страв дека Марадона може да ја загуби битката, но сега пристигнуваат добри вести. Диего е оперисан пред два дена и приватниот доктор пренесе одлични информации за здравствената ситуација на фудбалската икона.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Според зборовите на докторот, Марадона е во одлична состојба, кој сакал веднаш да замине дома, но од медицинскиот персонал го убедиле да остане уште еден ден за да му се стабилизира ситуацијата дополнително.

„Марадона може да разговара, расположен е, може да оди. Опоравувањето оди добро, резултатите од последното снимање беа добри и среќни сме поради тоа. Диего сакаше веднаш дома, но лекарскиот тим го убедија да остане уште еден ден, чисто превентивно. Наскоро ќе биде пуштен од болница.“ – изјави приватниот доктор на Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тажен сум“ – Милан со еден потег го разочарал Хрватот Бобан

Милан ќе го прослави јубилејот за време на натпреварот со Џенова во Серија А, а Хрватот Зв…