Италијанецот Фабрицио Романо е познат како најголемиот трансфер гуру во светот на фудбалот.
Она што овој 30-годишник го најавува со познатото ‘Here We Go’ во повеќето случаи се остварува, а сега и самиот покажа дека знае добро да се справи со топката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фабрицио Романо е вистински доктор за трансфери. Италијанскиот новинар едвај спие кога има трансфер рокови и носи навистина огромна количина на информации.
Неговото познато ‘Here We Go’ во повеќето случаи значи дека работата е завршена и само се чека официјализирање на зделките.
Романо ги користи ретките моменти на одмор и самиот да игра фудбал. Имаше и видео од Фабрицио како игра фудбал со своите пријатели во раните утрински часови, а очигледно е дека одлично се справува со топката.
На видеото кое се појави, италијанскиот новинар постигна два навистина одлични гола и многумина се шегуваат дека наскоро би можел да си ја напише својата позната реченица.
Погледнете какви вештини изведува Фабрицио Романо на теренот.
Fabrizio Romano is a better footballer than Havertz 💀💀💀💀 pic.twitter.com/ICGQElt1po
— Karl 🇸🇪 (@CFC_Karl) July 14, 2023