Дома Фудбал Англија Докторите на Сити во трка со времето: Ќе биде ли Халанд спремен за дербито во Премиер лигата?

Докторите на Сити во трка со времето: Ќе биде ли Халанд спремен за дербито во Премиер лигата?

Ерлинг Халанд ја напушти репрезентацијата на Норвешка поради повреда и нема да биде на располагање за натпреварите во овој циклус против Шпанија и Грузија.

Норвешка во сабота на стартот од квалификациите за ЕП 2024 ќе гостува во Шпанија во Малага, додека три дена подоцна ќе гостува на Грузија, но на тие натпревари ќе биде без својот најдобар играч.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денеска беше објавено дека иако повредата на Халанд не е сериозна, се уште не е сигурно дали ќе биде подготвен за дербито со Ливерпул на 1-ви април.

Норвежанецот ќе биде подложен на дополнителни тестови, а лекарскиот тим на Сити има главна задача што поскоро да го опорави Халанд, бидејќи април носи густ распоред за тимот на Пеп Гвардиола.

По дербито со Ливерпул следува двомеч со Баерн во Лигата на шампионите, на крајот на месецот дерби со Арсенал, а потоа е полуфиналето од ФА Купот со Шефилд…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…